Јаболки полни со ореви: Неодоливо слатко задоволство кое се подготвува за само неколку минути

Брзиот начин на живот некогаш сам по себе бара да знаеме да зготвиме нешто набрзина.
Но, иако брзите рецепти знаат и да не бидат најдоброто решение за одлична храна, овој вкусен десерт е токму она што ви е потребно кога сакате да вкусите нешто што ќе ви ги држи будни сетилата за вкус до следното консумирање.
Состојки:
– 4 јаболки
– 1/2 лимон
– 4 лажици путер, омекнат на собна температура
– 5 лажици овошно мусли
– 2 лажици мед
– 1/4 шолја исецкани ореви
– малку суво грозје
– сладолед од ванила (по желба)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени. Измијте ги јаболките, пресечете им ги врвовите и издлабете ја средината каде што се семките. Бидете внимателни јаболките да не ви останат цели.
Потоа јаболките испрскајте ги со сок од лимон. Во сад измешајте ги путерот, муслите, медот и оревите. Наполнете ги јаболките до врв. Загрејте ги во плех, ставете ги во загреана релна и печете околу 20 минути додека не омекнат.
Кога ќе се испечат, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се изладат. Печените јаболки може да ги послужите со сладолед од ванила или прелив од чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.