Некои луѓе мака мачат со маснотии во крвта, особено холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите.
Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници.
Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.
Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“.
Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест проценти за само еден месец.
Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол.
Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 проценти од холестерол.
А за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук дневно.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.