Јадете домати, добрите ефекти ќе ги забележите веднаш

Експертите сметаат дека за да имаме убава и млада кожа немаме потреба од скапа козметика, туку од домати.
Супстанцата која штити од стареење е ликопен, природен пигмент, кој ги прави доматите црвени.
Доброволците во експериментот биле изложени на ултравиолетови зраци. Тие утврдиле дека има големо подобрување на способноста на кожата да се заштитува од штетното влијание на ултравиолетовите зраци кај дамите кои консумирале домати секојдневно.
Во споредба со останатите жени, групата која консумирала домати, ја зголемила заштитната функција на својата кожа со цели 33% против штетното влијание на некои од сончевите зраци, за кои знаеме дека се едни од основните фактори за предвремено стареење на кожата.
Сега тоа можете да го стопирате со секојдневна консумација на домати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.