Јадете круша за здравје, убавина и душа

Крушата е идеално сретство што ќе ви помогне да го прочистите дигестивниот тракт при што ќе се елиминираат сите наталожени токсини во текот на годината. Исто така крушите придонесуваат за нормализирање на функцијата на жлездите со внатрешна секреција.
Свежите круши се вистински еликсир преполн со хранливи материи, органски киселини и микроелементи – железо, бакар и цинк. Во 100 грама круши има 120 мг јаболкова киселина, 70 мг лимонова киселина, 3 мг оксалова киселина.
Исто така има големи количини витамин А, Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Крушите се многу полезни за идните мајки и оние што дојат поради оптималната концентрација на неопходната фолна киселина за правилен развој на плодот.
Крушите имаат силни антиоксидантни својства и се идеално средство за зајакнување на имуниот систем како и превенција од рак. Богати се и со калциум кој штити од остеопороза.
Затоа не заборавајте на овошјето! Секој ден во вашето мени треба да има по неколку порции од овие лекови од природата!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.