Јадете портокалово: Морков и тиква за поздрав живот

Медицината веќе долго време советува дека секое овошје и зеленчук со портокалова боја драстично го намалуваат ризикот од болести на срцето, очите, малигни болести, пореметување на метаболизмот и многу други.
Причината за тоа се должи на супстанцијата наречена алфа-каротин, кој од своја страна претставува моќен антиоксиданс со силно антикарценогено својство.
Истражувањето траело цели 18 години во кое учествувале 15.000 мажи и жени на различна возраст.
Крајните резултати покажуваат дека ризикот да починете од болести на срцето или карцином се намалува за цели 40%.
Затоа јадете се што е портокалово. Дури и да не сте љубител на моркови и тиква на пример.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.