Прекумерното јадење сладолед може да доведе до зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања, а исто така може да ја наруши микрофлората на дигестивниот тракт. Сепак, уште поризично е да го јадете овој освежителен десерт непосредно пред спиење.
Експертите неодамна потврдија дека има уште еден недостаток во консумирањето сладолед, особено ако сакате да го јадете пред спиење, бидејќи тоа може да влијае на квалитетот на вашиот сон.
Едно истражување особено покажа дека луѓето кои јаделе помалку и консумирале повеќе калории, особено во форма на додадени шеќери, спиеле полошо. Имено, една неодамнешна студија ја потврди теоријата дека шеќерот е главната причина за слабиот квалитет на спиењето.
Кога нашата телесна температура е ниска, тоа значи дека влегуваме во најквалитетниот и најдлабокиот сон. Меѓутоа, ако јадеме храна полна со шеќер пред спиење, температурата на нашето тело е повисока и потешко е да заспиеме.
Еден вид сладолед е особено проблематичен. Станува збор за чоколадниот сладолед. Покрај целиот тој шеќер, содржи и кофеин и теобромин – антиоксиданс кој делува како стимуланс и нѐ одржува будни.