Синди Крафорд е синоним за витка и здрава фигура, а нејзиниот пристап кон храната е клучот за нејзиниот успех на многу полиња. Таа не е љубител на строги диети, напротив, смета дека нормален и здрав живот е она што и помогнало да изгледа прекрасно и на свои речиси 60 години.
Нејзината исхрана е многу внимателно искомпонирана, со цел да ги добива сите нутритиенти во секој дел од денот.
Синди се потпира на урамнотежено мени кое се состои од шест помали оброци. Оваа стратегија и овозможува константно е сита, исполнета со енергија и без големи осцилации на шеќерот во крвта.
Нејзиниот пристап се темели на внес на: 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% здрави масти.
Денот го започнува со појадок кој содржи јајца, парче тврдо сирење и ’ржан леб. За ручек бира храна која е извор на протеин како риба или месо, со зеленчук. За ужина, два пати дневно, најчесто јаде овошје како јаболко, грозје или микс овошна салата.
За вечера најчесто повторно јаде комбинација од месо и зеленчук или некоја салата зачинета со маслиново масло.
Пред спиење консумира кефир или јогурт со ниска масленост.
Понекогаш знае да ја „прекрши“ рутината, но тоа го надоместува со повеќе вежбање во наредниот период.