Јакимовски се потсмева со Џамбаски: Не си го тревожи и “притишњавај” срцето, го чествувавме Гоце американски, не европејски

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели бугарскиот европратеник Џамбаски да не си го тревожи срцето околу неевропското чествување на раѓањето на Гоце Делчев, можеби не е европско, но е американско.

– Ангел Џамбаски е многу вознемирен.

Негодува зошто ни се расипал компјутерот на граница и зошто не сме ги пуштиле неговите братја да влезат во Македонија. Според него тоа не било европејски.

Ангелчеее! (во деминутив, се разбира!). Слушна ли какво казва Стејт Департментот на САД? Стејт Департментот даде соопштение дека чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев е направено на мирен и достоинствен начин.

Ангелче! Можеби не е европејски, ама е американски начинот на чевствување. Не се тревожи, полекичко сфаќај си ги работите и не си го притишњавај срцето, напиша Јакимовски на Фејсбук,

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: