четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јаков Јозиновиќ беше преплавен од емоции на концертот во Скопје: Ви благодарам, живеам за чуда

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Хрватскиот музичар Јаков Јозиновиќ настапи синоќа во арената „Јана Сандански“ во Скопјe, а на крајот од концертот го преплавија емоции.

Јозиновиќ стана еден вид феномен откако претходно распродаде серија концерти во регионот. По синоќешниот настап во Скопје, го преплавија емоции, па низ солзи им се заблагодари на публиката за поддршката.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тоа би било тоа. Ви благодарам. Ви благодарам, Скопје, јас сум Јаков Јозиновиќ и летам за чуда“, рече тој.

По овие зборови, Јозиновиќ се поклони пред публиката, а тие го наградија со громогласен аплауз. Исто така, „Летам за чуда“ е името на неговата регионална турнеја.

Овој млад музичар неодамна ги претстави своите песни „Поље ружа“ и „Ја волим“, кои брзо станаа хитови. Исто така, пред неколку дена, Јозиновиќ успеа да го распродаде својот десетти концерт во Сава Центарот за само десет минути.

Поврзани вести