Јаневски и Вилмотс најавуваат измени во почетните состави

Белгија и Македонија, во вторник ќе го одиграат натпреварот од шестото коло во А квалификациската група за пласман на Светското првенство во Бразил.Двете селекции играа во петокот во Скопје, натпреварот на „Филип Втори“ заврши со победа на Белгија од 2:0.Македонската селекција на тој натпревар во ниту еден момент не беше во подредена положба, напротив избраниците на селекторот Јаневски беа доминантни во првите 20 минути, кога голманот Куртоа спречи водство на Македонија по изгледните шанси на Јаховиќ и Тричковски.Македонскиот селектор за овој натпревар нема да може да смета на Демири и Грнчаров кои се суспендирани поради жолти картони, на нивните места би требало да се појават Шиков и Глигоров кој поради супензија не играше во Скопје.Тасевски би требало да заигра покрај Глигоров во дефанзивниот ред за врска, а неизвесно е за кого ќе се реши Јаневски на страничните позиции во одбраната.Измени во тимот, во однос на оној кој настапи на првиот меч, најави белгискиот селектор Марк Вилмотс, кој изјави дека силно ја респектира Македонија и бил задоволен и со минимална победа.Вилмотс најверојатно ќе започне во нападот со Лукаку (на првиот меч играше Бентеке), додека во редот за врска размислува Де Бруин да го повлече во средината, а на десно крило да започне Миралас или Чадли, во тој случан на клупата би се преселил Фелаини.Можни состави:Белгија: Куртоа – Алдервирелд, Компани, Вермален, Вертонген – Витсел, Дембеле-Азар, Де Бруин, Миралас (Чадли) – Лукаку.Македонија: Пачовски – Георгиевски, Шиков, Новески, Лазевски – Глигоров, Тасевски – Ибраими, Пандев, Тричковски – ЈаховиќНатпреварот Белгија-Македонија ќе започне во 20:45, според информациите стадионот „Крал Бодуен“ ќе биде исполнет до последното место. Цената на влезниците за натпреварот изнесувала помеѓу 35 и 70 евра.
МакфаксБелгија и Македонија, во вторник ќе го одиграат натпреварот од шестото коло во А квалификациската група за пласман на

Пронајдете не на следниве мрежи: