четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јанев: Оперативен штаб ја следи состојбата со дојавите за бомби

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта низ целата земја, се лажни. Во случајов, апелираме за смиреност во јавноста и воздржување од ширење дезинформации во врска со настаните, кои од вчера се евидентирани и во други земји од регионот, објави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

„Од утринава ги презедовме сите неопходни мерки согласно со процедурите за постапување при терористичко загрозување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството, вршиме проценка на степенот на загрозување во координација со безбедносно-разузнавачките служби.

Продолжуваме со активностите насочени кон заштита на безбедноста на граѓаните и училиштата. Вашата безбедност е наш приоритет“, објави Јанев.

Поврзани вести