Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Обвинетите во случајот на поранешното СЈО „Титаник“ за злосторничко здружување и неколку кривични дела поврзани со изборни злоупотреби Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Мунир Пепиќ и уште четворица други признаа вина на денешното рочиште.

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, прв вина призна Мартин Протуѓер кој кажа: Би сакал да изјавам дека по однос на дел од обвинението преземам одговорност од морален аспект како морален чин и доблест и од тој аспект ја прифаќам вината. По однос на другото, не се чуствувам виновен.

Кирил Божиновски, пак кажа дека не се чувствува виновен, па додаде: „Ќе докажам дека не сум виновен во постапката“.

Миле Јанакиески беше вториот кој призна вина, посочи дека и натаму смета дека предметот не треба да се води поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов, по што посочи:

„Признавам вина за дел од кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Во однос на делата чувствувам морална вина и затоа се произнесов за виновен. Тоа е мое лично чувство и се однесува на мене и моите позиции. Чувствувам потреба да преземам одговорност и да демонстрирам морален чин. Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на било кој начин биле навредени и повредени слушајќи ги т.н бомби. Се надевам дека ова ќе биде поттик во иднина кој би предизвикал промени. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен“.

И поранешната миистерка за внатреши работи Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така призна вина.

„По однос на обвинението кое е во правна сила повеќе од четири години, сметам и сметав дека постапкава не треба да се води, поради фактот што експретседателот Ѓорѓе Иванов по однос на обвинението донесе одлуки за помилување и ослободување од кривично гонење. Тоа се серија одлуки објавени во Службен весник. Сепак, по однос на наводите на обвинението имајќи во предвид дека оваа постапка сепак се води сакам да наведам дека лично сметам дека одговорноста треба да се преземе и во таа смисла, по однос на наводите во ова обвинение се изјаснувам како виновна“.

Илија Димовски кажа дека не се чувствува виновен за делата за кои се гони.

„Со оглед на фактот дека никогаш не сум извршувал функција претседател, генерален секретар, шеф на изборен штаб, а со оглед дека сум бил хиерархиски подреден или еднаков со други педесет лица, со оглед на фактот дела под полна морална одговорност не сум собирал финансиски средства, а сум обвинет за такво дело – се чувствувам невин“, кажа Димовски.

Вина признаа и Билјана Бришковска и Катерина Велковска.

Првообвинет во оваа група од 20 лица е избеганиот Никола Груевски, обвинет за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Пронајдете не на следниве мрежи: