четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јанчев: Исплатени три плати за вработените во поранешно „Фени“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Исплатени се три плати за вработените во поранешно „Фени”, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на седница на Советот на Општината.

– Во интерес на 900 вработени, стечајни работници и во интерес на нивните семејства, ја информираме јавноста дека Еуроникел во стечај, во текот на вчерашниот ден ги исплати очекуваните плати за последните три месеци од отворањето на стечајната постапка, во вкупен износ од 101.261.445,00 денари. Дополнително се исплати регрес за годишен одмор и неисплатен годишен одмор во износ од 9.076.808,00 денари. Наша желба и очекување е оваа компанија наскоро да започне со производство, а вработените што побрзо да се вратат на работа, истакна Јанчев.

Поврзани вести