сабота, 28 ноември 2026
Најново

Јапонија доби прва жена премиер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерката на Либерално-демократската партија на Јапонија, Санае Такаичи, победи на историските избори и стана првата жена премиер во историјата на Јапонија.

Клучот за изборот на Санае Такаичи беше гласањето во Долниот дом на Парламентот, каде што таа доби 237 гласови – повеќе од потребното мнозинство. Санае Такаичи победи во вториот круг од изборите за лидерство на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на почетокот на октомври, отворајќи го патот за нејзино станување премиер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Такаичи стана првата жена што ја предводеше партијата, која владееше со Јапонија 65 години во последните седум децении. Сега таа стана и првата жена што ја извршува функцијата премиер во историјата на Јапонија. Шеесет и четиригодишната Санае Такаичи се смета за следбеничка на ликот и делото на трагично починатиот долгогодишен јапонски премиер Шинзо Абе.

Поврзани вести