Честопати ги одложуваме диетите затоа што немаме доволно сила и решителност да истраеме во нив кога гладот ќе почне да не исцрпува. Затоа е важно да се изберат оние кои не се премногу радикални. Јапонската диета со банани е популарна токму поради тоа што нема изгладнување.
Важно е појадокот секогаш да се состои од банани со млака вода, бидејќи на тој начин се забрзува метаболизмот. Јадете една или две банани за појадок секое утро, а ручекот и вечерата се разновидни.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАНСоединетите Американски Држави наводно се подготвени да прифатат четири од…
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното…
Мени за јапонската диета со банана:
Прв ден
Ручек: Супа со зеленчук, салата од зелка.
Вечера: 100 грама бело пилешко месо, салата по желба.
Втор ден
Ручек: Спанаќ со ориз, салата.
Вечера: 100 грама риба, парче интегрален леб, салата.
Трет ден
Ручек: 50 грама тестенини со сос од домати, салата од свежо цвекло.
Вечера: 70гр говедско месо на скара, парче интегрален леб, салата
Четврти ден
Ручек: Динстан зеленчук, салата од домати.
Вечера: Пилешки батак без кожа, салата по избор.
Петти ден
Ручек: Рибја чорба и салата по избор.
Вечера: 100 грама мисиркино месо и зелена салата.
Шести ден
Ручек: Чорба од зеленчук, салата од свежи краставици.
Вечера: Салата, пилешко или мисиркино месо на скара.
Седми ден
Ручек: Динстани печурки со ориз.
Вечера: Зеленчук на скара и салата од домати.
Иако диетата не е ригорозна, се препорачува да разговарате со вашиот лекар пред да почнете да ја применувате. Секоја ненадејна редукција на калориите може да предизвика стрес на организмот.






