Јасни знаци дека сте жртва на семејно насилство

Насилникот може да биде било која личност, на било која возраст или пол, а стратегиите се разликуваат зависно од околностите.
Токму заради тешкото препознавање, во продолжение направивме листа од алармантни сигнали во кои ако се препознаете, треба веднаш да реагирате, бидејќи нешто не е во ред во врската или бракот и ви е потребна помош.
Се соочувате со психолошко насилство, ако:
Чувствувате дека има потреба да скриете нешто, за партнерот да не дознае.
Чувствувате анксиозност, депресија, но не можете да ја најдете причината.
Се сметате за грди ако изгледате поинаку од она што партнерот го сака од вас.
Мислите дека не сте способни да се справите со било каква ситуација без партнерот.
Во врската одите во екстреми – или сè е лошо или сè е во ред.
Изгледа како проблемите да никнуваат од никаде, без посебно значење, но дури и тогаш се чувствувате виновно.


Се плашите да споделите тајни искуства, бидејќи знаете дека партнерот ќе ги открие.
Правите работи само за да добиете одобрување од партнерот.
Ги менувате сопствените желби и потреби, за доброто на партнерот.
Помалку комуницирате со пријателите и семејството.
Мислите дека сте виновни и дека треба да бидете казнети за тоа.
Се соочувате со психолошко насилство, ако вашиот партнер:
Користи фрази со кои ве омаловажува и навредува („Нема да разбереш“).
Ги деградира вашите достигнувања, велејќи дека сите можат да го направат тоа.
Ги критикува вашите желби и соништа и манипулативно ви ги намалува потребите за да се чувствувате неважно.
Ви кажува дека луѓето околу вас мислат лошо за вас и ви кажуваат лоши работи зад грб.
Губи трпение кога не ги следите неговите инструкции (правење кафе, ручек и сл.).
Може да помине часови и денови без да разговара со вас.
Ги менаџира финансиските средства на семејството сам и одлучува за вас што треба да купите, а што не смее.
Контролира како се облекувате, каде и со кого одите.
Прави шеги на ваша сметка што предизвикуват лошо чувство кај вас.
По вашето излегување, ви држи предавање за вашето лошо однесување и грешките.
Ви дава ултиматуми: „ Ако не го направиш ова, тогаш јас…“
Создава услови за љубовта кон вас: „Те сакам, ама…“
Ако кажете дека сте се почувствувале навредено, се лути и манипулира со вас правејќи се жртва пред вас.
Ве обвинува за неговите неуспеси, независно дали се мали или големи („Заборавив чадор зошто ти не ме потсети!“)
Ве обвинува вас за работи кои не сте ги направиле.
Ве навредува кога сте сами, а во јавност глуми дека е совршен партнер.
Ги преувеличува вашите недостатоци и ги носи на највисоко ниво, дури и ако нешто се случи само двапати.
Што да правите во ваква ситуација?
Некои насилници од овој тип на почетокот изгледаат како нормални, грижливи луѓе, а потоа го покажуваат вистинското лице.
Затоа, ако се најдете во таква ситуација, прво ослободете се од вината и одговорноста која ја чувствувате за сите проблеми. Верувајте си на инстинктот и побарајте помош од пријателите и семејството или од професионалци.Не обрнувајте внимание на заканите на партнерот и покажете сила, бидејќи тој манипулира со вас кога вашата вредност е ниска и паѓате под негово влијание.
Најважно од сè – не верувајте на зборовите дека ќе се промени, бидејќи тоа е круг од кој нема излез.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.