Јас одбрав пат да ги штитам интересите

Не може да се прави компромис за тоа што се гинело стотици години на овие простори, за кое што луѓето ги дале животите, за кое што децата ги оставиле сираци. И јас сега да одам и за да си ја задржам власта, за да некој амбасадор ме потапша по рамо, да продадам се. Тоа е целата работа, тоа е приказната.Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во вчерашното интервју за ТВ НОВА.
-Ние многу лесно можевме да бидеме Зоран Заев со соседите, се да прифатиме, сите штетни за Македонија работи да ги прифатиме и јас ќе бев најголемиот реформатор. Што се реформите што се бараат од Заев, да ги направи сите отстапки кои ги бара Грција, што ги бара Бугарија, што се бараат поврзани со Тиранската палтформа и кој знае уште што ќе им текне во меѓувреме и тој ќе биде најголемиот реформатор, реле Груевски и додаде:
„Јас не можев да бидам реформатор? Можев! Ќе излезев ќе кажев, почитувани граѓани, мислам дека треба да прифатиме ново име на државата, нацијата, јазикот, историја на друга држава е наша историја итн… Многу лесно јас можев да го правам тоа, но јас одбрав друг пат. Одбрав пат да ги штитам интересите на тие кои што ме одобрале да им бидам претставник. Јас сум избран на избори, не сум избран од некои странци, избран сум од народот на оваа држава, од граѓаните во оваа држава, од најголем број граѓани кои се поделиле кој за која партија, најголем број граѓани гласале за мојата партија и јас на чело на таа партија и со мене на чело на таа партија. Јас така ја разборам политиката, јас морам да ги штитам нивните интереси и дасе обидам да направам максимум“.
Тој додаде дека компромиси во дипломатијата има, но треба да се знае до каде може, до каде е црвената линија, а не по секоја цена за да дојдеш на власт, или за да се задржиш на власт, или за да те наречат реформатор.
Мојот грев е што водам политики кои што мнозинството граѓани ги поддржуваат, кои што мнозинството Македонци ги поддржуваат. Тоа е мојот грев и затоа е борбата да бидам елиминиран, да бидам тргнат од политичката сцена, од водството на ВМРО. Се разбира дека нема да успеат, затоа што оваа држава има народ кој што гледа и расудува, вели Груевски во интервјуто и додава:
„Нашиот грев не е што набавно блиндирано возило, нашиот грев не е што е срушена дивоградба за која самиот градител писмено признал дека е дивоградба, нашиот грев не се подметачите за чаши што сме ги купиле или микрофон што сме изнајмиле, нашиот грев е што 11 години се бориме за опстојување на Македонија онаква каква што ја сакаат граѓаните на Македонија или убедливото мнозинство граѓани. Нашиот грев е што 11 години не попуштивме под разни притисоци, закани, уцени, понуди да се смени името, да се смени идентитетот, името на јазикот, на државата, на нацијата“.
Тој потенцира дека нивниот грев е што не се согласиле да потпишат разно разни договори со кои што се сака да се избрише нашата историја, договори со кои се сака да не се признава нашиот јазик.
-Нашиот грев е што сакаме унитарна држава. Нашиот грев е што ја браневме државата од терористички групи кои доаѓаа и сакааа да го сменат текот на политичките настани во земјата и да ја доведат земјата до екстремно тешка ситуација и што експресно се справувавме со нив, што направивме силна држава. Мојот грев е што водам политики кои што мнозинството граѓани ги поддржуваат, кои што мнозинството Македонци ги поддржуваат. Тоа е мојот грев и затоа е борбата да бидам елиминиран, да бидам тргнат од политичката сцена, од водството на ВМРО. Се разбира дека нема да успеат, затоа што оваа држава има народ кој што гледа и расудува, вели Груевски.
 
Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во вчерашното интервју за ТВ НОВА.
-Ние многу лесно можевме да бидеме Зоран Заев со со

Пронајдете не на следниве мрежи: