„Јас сум дебелата жена од фотографијата со која се потсмева целиот интернет“: Ова е тажната приказна зад истата

„Оваа фотографија се моите 15 минути светска слава. Се појави на „Редит“, а сега можете да ја видите на сите веб-страници ширум светот. А никој не ја знае приказната зад неа“.
Вака ја започнува својата приказна Џенифер Кнап Вилкинсон, која се најде на најголемиот форум на светот, „Редит“, на тема „Луѓе од Волмарт“, трговски ланец познат по тоа што го посетуваат луѓе во секакви изданија – облечени во долна облека, пижами до многу необични избори.
„Најлоша работа во врска со оваа фотографија е што луѓето мислат дека на неа е просто дебела жена која паднала од количката бидејќи е премногу мрзелива да излезе од неа за да го дофати сокот“.

„Работата е во тоа што имам проблем и се нарекува спондилолистеза. Поради него, еден ‘рбетен прешлен излегува од лежиштето. Тоа се случува било каде, но најчесто на долниот дел од грбот. Оваа болест кај некои не предизвикува никакви симптоми. Некои имаат само болки во грбот и нозете, некои послаби, а некои неподносливи. Но, сите имаат чувство на слабост поради кое не можат да стојат ниту одат. Во мојот случај, колку подолго стојам, толку побрзо губам чувство во нозете и на крајот паѓам.
Покрај тоа сум и исклучително дебела, што секако не ѝ помага на мојата ситуација. Патам и од една ментална болест од која се бранам со храна. Се борам со себе и неодамна започнав да практикувам диета, но тоа ќе биде тешка и ужасна борба. Оваа фотографија настана пред неколку години и тогаш менталната состојба ми беше ужасна. Тој ден имав ужасни болки. Отидов да купам намирници за семејството и сок за сопругот. Се истегнав да го дофатам сокот и паднав. Слушнав кикотење на девојче и забележав светло од блиц. Не се потресов бидејќи навикната сум да ми се потсмеваат непознати луѓе.
Меѓутоа, неколку месеци подоцна наидов на оваа фотографија. Таа стана вирална и покрај неа пишуваа секакви измислени приказни.
Ова го кажувам бидејќи луѓето и понатаму мислат дека е забавно да се потсмеваат со болни луѓе. Вие мојата болест не ја гледате, но таа постои. Затоа, кога следен пат ќе наидете на фотографија со која луѓето масовно се потсмеваат, сетете се дека вие немате поим за нивниот живот. За вас тоа е банална забава, а за нив е лузна за цел живот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.