Ја вратиле од училиште бидејќи била вака облечена

Медисон има 11 години, а во училиште отишла во хеланки и во туника. Професорите ја избркале од час со објаснување дека не е прикладно облечена. Имено, поради хеланките децата не можеле да се сконцентрираат, како што велат тие го прекршила правилникот за облекување.
Нејзината мајка Брук Филдс објаснила дека девојчето носело хеланки со туника, а во училиште заклучиле дека туниката била прекратка. И позајмиле тренерка, а кога ја замолиле да ја повика својата мајка да и донесе нова облека, тие ја одбиле. Утредента во правилникот во кој инаку стои дека е забранета облека која премногу открива ги додале и хеланките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.