Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга.
- 12:05 за промени во СДСМ: Филипче е единствената гаранција за долго владеење на Мицкоски
- Колку долго мажот може да издржи без секс? Одговорот ќе изненади многумина
- По разводот, Дијана сакаше само едно нешто, но и тоа не ѝ го дадоа: ново шокантно откритие од братот на принцезата
- Саботажа на границата на НАТО: пресечени кабли и оштетена опрема на латвиско-белоруската граница
- Хаос во Њујорк: Прогласена е вонредна состојба
Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.
Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



