Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денес ја предупреди владата на Талибанците во Авганистан дека „преминала црвена линија“ со започнувањето напади со беспилотни летала врз цивилни области во Пакистан и рече дека администрацијата во Кабул има „тешки последици“.
Пакистанскиот претседател Зардари го објави ова во време кога продолжува најсмртоносниот конфликт досега меѓу двете соседни земји, пренесува АП.
Прекуграничните судири што избувнаа кон крајот на минатиот месец не стивнуваат и покрај напорите на Кина и Турција да посредуваат во постигнување договор за прекин на огнот.
Пакистан соопшти дека неговите сили ги пресретнале беспилотните летала лансирани во петокот, но во остатоците биле повредени две деца во градот Квета и уште две лица на други места во земјата.
Владата на Талибанците во петокот го обвини Пакистан за спроведување воздушни напади врз главниот град на Авганистан, Кабул, и други области на истокот на земјата, велејќи дека најмалку шест цивили се убиени, а 15 други се ранети.
Талибанските власти малку подоцна објавија дека авганистанската воена авијација одговорила со напади врз воени објекти во близина на Исламабад , главниот град на Пакистан, и врз цели во северозападниот дел на Пакистан.
Пакистанските власти ги негираа нападите врз цивилни цели, велејќи дека воените напади биле насочени кон проталибанските милитантни групи и мрежата што ги поддржува.
Официјален Исламабад оцени дека станува збор за „отворена војна“, што дополнително ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница во екот на американско-израелската војна со Иран, која го зафати целиот Блиски Исток и пошироко.
Портпаролот на авганистанската влада, Забиулах Муџахид, изјави дека пакистанските авиони погодиле и складишта за гориво на приватната авиокомпанија „Кам Ер“ во близина на аеродромот во јужниот авганистански град Кандахар, за кои рече дека снабдуваат цивилни летови и мисии на ОН.
Пакистан ја обвинува владата на авганистанските талибанци дека им нуди засолниште на пакистанските милитантни групи, главно пакистански талибанци, кои ја преминуваат лесно чуваната, нестабилна граница меѓу двете земји за да извршат напади врз пакистанските сили.
The post „Ја преминавте црвената линија – последиците ќе бидат катастрофални“ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



