ЈА ПРИЗНА АФЕРАТА – Пејачката за прв пат потврди дека Доналд Трамп Џуниор ја изневерил сопругата со неа: “Имавме страсна врска, но полна со љубов”

Пејачката Обри О’Деј го опиша Доналд Трамп Јуниор како нејзина „сродна душа“ во нејзиното прво интервју во кое проговори за нивната афера за која долго се шпекулираше. Во ексклузивното интервју за Page Six, 38-годишната О’Деј изјави дека нивната страсна, но и полна со љубов врска започнала во 2011 година, а завршила во моментот кога 44-годишниот Дон Џуниор одлучил да биде „син на претседателот“.

Пејачката додала дека досега избегнувала да зборува за нивната наводна романса бидејќи не сакала да го „намали тоа што го имале“ или да го „повреди“.

“Го сакам. Го сакам, сакав, сакам. Секогаш ќе чувствувам љубов кон него. Но видов дека тој избра живот кој е неавтентичен – статус, моќ, што и да е. Многу сум разочарана“, рече пејачката за најстариот син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој го запозна на снимањето на петтата сезона на реалити серијата „Celebrity Apprentice“.

О’Деј, исто така, призна дека и било многу тешко да се справи со раскинувањето и дека чувствувала дека да мора да ја „одбрани личноста“ што ја нарече „сродна душа“.

„Кога велам дека ми беше сродна душа, не лажам. Јас сум многу искрена личност и затоа нема да кажам дека немав никаква врска со него или дека е смешен. Не, тој беше исто како мене, самопрогласен ’борец за социјална правда’. Тоа бев буквално од младоста и отсекогаш сум била исклучително емпатична. Моето срце крвари и се залагам за луѓето кои немаат глас. И кога го имам, ќе го искористам колку што можам за да туркам агенди за луѓе кои заслужуваат да бидат видени. А тој ги сакаше сите тие работи кај мене. А човекот што сега го гледате сега веројатно не би ги сакал“, објаснува пејачката, додавајќи дека наводно била во врска со сосема друга личност.

„Официјално беше републиканец, но во се друго не беше. Но видов како се продава и никогаш не би сакала тој да ме види мене како се продавам“, нагласи О’Деј. Исто така, пејачката тврди дека била многу блиска со поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој и кажал „што се случувало на другата страна во текот на целата врска, како и како изгледале нивните последни денови“.

Имено, во моментот на нивната наводна афера, Дон Џуниор бил во брак со Ванеса Трамп со која има пет деца, но пејачката тврди дека имал намера да ја остави сопругата и дека таа дознала дека жестоко се борел за неа до моментот кога татко му станал претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.