Во повеќето градови, ако не и во сите во Македонија, имаше украсување на централните подрачја. Некои подобро, други полошо, но сите се обидоа, пред се за најмладите да направат убава празнична приказна.
Сепак, приказната која ни доаѓа од еден град од државата, можеби е вистинска реткост и во светот, кај нас вакво нешто не се памети. Украдена е елката која била поставена да го украсува градот?!
Според информациите новогодишната елка која била поставена да го разубави Радовиш ја нема. Таа исчезнала преку ноќ.
Од сигурни информации дознаваме дека елката синоќа (сабота вечер) била на местото каде е поставена. Сепак, утрината во неделата околу 14 часот ја нема. Првичните информации се дека е украдена.
Но, покрај оваа шпекулација, се појави и друга, која не е потврдена. Наводно, фирмата која била задолжена за украсување ја повлекла елката, откако од општина Радовиш не им биле исплатени средства.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.