Јелена Карлеуша: „Ловџиите се болни психопати“; „Да се забрани лов во Србија и позирање со трупови на животни“

Својот ангажман во борбата за правата на животните Јелена Карлеуша го прошири и на лизгавиот терен на едно од омилените српски хобиa.

Пејачката Јелена Карлеуша не крие дека е голем борец за правата на животните. Во согласност со нејзините животни принципи, Јелена престана да јаде месо, а веќе не можеме да ја видиме во нејзините некогаш омилени бунди и облека од кожа.

Брижит Бардо од Балканот често преку социјалните мрежи се обидува да ги освести своите следбеници и апелира дека животните треба да се негуваат и да се сакаат, но сега отиде чекор понатаму.

Таа удри во Светиот грал на балканската машкост и се осмели јасно и гласно да побара забрана за лов. Само во ѐмакедонија има околу 70.000 регистрирани ловџии…

Карлеуша пред почетокот на ловната сезона, кога силно се подмачкуваат карабините и двоцевките, а од плакарот се вадат маскирните униформи, им се обрати на своите следбеници на својот Инстаграм профил меѓу кои сигурно има и ловци.

“Ловот не е спорт. Спортот е фер игра. Кога пукаш во невино и беспомошно животно, нема фер игра. Не си ловец, туку психопат кој ужива да убива. Фарсата за корисниот и неопходен лов ја измислил оние кои сакаат да го оправдаат својот убиствен, болен пореметен нагон.

Секој што убива животни и ужива во тоа, не може да биде добар човек.

Забрани лов во Србија! Забранете ловот да се нарекува спорт! Забрани објавување на слики од убиени животни во медиумите! Гордо позирање покрај труп на убиено животно со широка насмевка не е она што нашите деца треба да го гледаат! Научете ги децата на добрина кон животните! Децата ќе ја спасат планетата од нашето зло!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.