Јелена Розга сака да стане мајка, фотографијата тоа го докажува

Хрватската пејачка Јелена Розга не крие дека сака да се оствари како мајка, а во прилог на тоа оди и последната фотографија која ја објави на Инстаграм.
-Најубавиот период од годината, напиша на англиски 41 годишната пејачка за фотографијата каде е со детска количка, а истата собра многу лајкови и комплименти, а многумина и посакаа да стане мајка.
„Јеле, ти би била најдобра мајка, нека ти се исполни тоа кралице“, „навиваме за повеќе такви фотографии“ „баш убаво ти стои“, се некои од коментарите.


Розга веќе зборуваше за тоа дека сака да стане мајка.
-Јас сум жена чие срце секогаш е за љубов. Мајчинството е без сомнеж прекрасно искуство и сакам да се најдам во таа улога, но како и љубота, невозможно е да се спореди со секојдневните обврски, изјави Розга кон почетокот на годината.
И пред два месеци во разговор за српскиот портал „Глоси“ одговори на прашањето дали замислува семејство и мајчинство.
-Секако дека сакам да бидам мајка и да имам семејство, но кога ќе биде-ќе биде, изјави тогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.