Јеменските Хути донеле решение: Ослободиле 153 воени заробеници! Антонио Гутереш бара уште нешто од проиранската група (ФОТО)

Јеменските бунтовници Хути денеска еднострано ослободија 153 воени заробеници, објави Меѓународниот комитет на Црвениот крст.Тие вчера посочија дека планираат да ги ослободат затворениците, како дел од напорите за намалување на тензиите по постигнатото примирје во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.Сепак, ова ослободување дојде откако Хутите затворија уште седум јеменски вработени во Обединетите нации, што предизвика лута реакција на светската организација.
Houthis detain more UN personnel in Yemen #Yemen #OSINT #GEOINT https://t.co/HrHjJheEAH— Geopolitical Report (@GeoPioneerInc) January 25, 2025
Меѓународниот Црвен крст соопшти дека го поздравува едностраното ослободување како позитивен чекор кон заживување на преговорите за ставање крај на долготрајната војна во земјата.– Оваа операција го донесе многу потребното олеснување и среќа на семејствата кои со нетрпение го чекаат враќањето на своите најблиски – рече Кристина Ципола, шеф на делегацијата на МКЦК во Јемен.
Rebeldes Houthis do Iémen libertam 153 prisioneiros https://t.co/DjsmP9Vadq— SIC Notícias (@SICNoticias) January 25, 2025
Таа рече дека знаат дека многу други семејства чекаат шанса да се обединат и изрази надеж дека денешното ослободување ќе доведе до уште многу вакви акции. Хутите не потврдија веднаш дека ослободувањето се случило.

Пронајдете не на следниве мрежи: