Јенот под притисок поради очекувањата за ново ублажување на монетарната политика

Еврото во понеделникот остана речиси непроменето во однос на американскиот долар во слабото тргување на меѓународните девизни пазари, додека јапонскиот јен беше под притисокот на продажбата поради очекувањето на натамошни попуштања на монетарната политика во Јапонија.Во ваквата атмосфера што преовладуваше на валутните пазари во понеделникот, единствената европска валута остана речиси непроменета во односно на американскиот долар и со неа се тргуваше по 1,3358 долари.Еврото, пак, беше во добивка во однос на јапонскиот јен и тоа за 0,3 отсто, и со него се тргуваше по 125,38 јени. Моментално така се движеше речиси на половина пат меѓу најниското ниво во последните две седмици од 122,90 јени и неодамна постигнатото највисоко ниво во последните 34 месеци од 127,71 јени.И доларот зајакна во однос на јенот, и тоа за 0,22 отсто, на 93, 66јени. Со тоа се приближи до највисокото ниво во последните 33 месеци од 94, 47 јени на коешто се искачи пред една седмица.Јенот во понеделникот накусо се спушти спрема најниското ниво во последните 33 месеци, откако јапонскиот премиер не сигнализираше промени во ултра попустливата монетарна политика, Партнерите од групата којашто ги обединува економски најмоќните земји и оние што најбрзо се развиваат Г20 на состанокот изминатиот викенд во руската престолнина Москва се воздржаа од критиките на сметка на таквата политика на Токио.Валутните стратези сметаат дека веројатно јенот ќе продолжи да слабее, меѓутоа значително со побавно темпо, бидејќи инвеститорите се претпазливи при шпекулациите со неговото натамошно слабеење додека точно не биде познат новиот гувернер на централната банка на Јапонија.„Во заедничката изјава од состанокот на Г20 не беше директно посочено на Јапонија, што требало да претставува релативно позитивно што се донесува на курсот на доларот во однос на јенот на кус рок. Очигледно е дека поризичен настан е изборот на новиот гувернер а ние не знаеме во кој временски рок тоа ќе се случи“, вели за Reuters Саид Амен валутен стратег во „Nomura“.На девизните пазари се очекува слабо тргување и натаму имајќи предвид дека во понеделникот американските пазари не работат поради празници.Еврото во однос на јенот од почетокот на 2013 година зајакна за повеќе од 9,5 отсто, што поттикна многу европски функционери да изразат загриженост поради неговиот силен залет.Функционерот на Европската централна банка (ECB) Едвард Новотни, во понеделникот им порача на пазарите дека курсот на еврото се движи во стандардните рамки и оти не треба премногу да се драматизира околу тоа.Вниманието на пазарите во текот на тргувањата ќе бидат насочени на најавениот говор на челникот на ECB, Марио Драги во Европскиот парламент.Аналитичарите очекуваат дека еврото ќе остане ранливо поради минатонеделните лиши податоци од економиите кои сведочат за подлабоката рецесија отколку што се очекуваше.Под дополнителните притисоци на продажба еврото би можело да се најде пред одржувањето на италијанските парламентарни избори закажани за 24-ти и 25-ти февруари, поради стравувањето дека новиот состав на парламентот би бил расцепкан и со тоа ќе го доведе во прашање спроведување на реформите.
МакфаксЕврото во понеделникот остана речиси непроменето во однос на американскиот долар во слабото тргување на меѓунаро

Пронајдете не на следниве мрежи: