Јована Јоксимовиќ повторно води програма: Еве што одговори на прашањето после се’, како се чувствува?

Водителката Јована Јоксимовиќ вчеравечер, 7-ми октомври 2020 год. беше специјална гостинка на промоцијата на новата колекцијаза убавина на пејачката Емина Јаховиќ.
Покрај тоа што дојде да ја поддржи нејзината пријателка Емина, Јована беше и водителка на програмата.

Ова е првпат Јована Јоксимовиќ да застане пред камера по отказот и заминувањето од ТВ Прва, а водителката за целата ситуација која сега е зад неа, изјави:
„Кога ќе дојде време, ќе ви раскажам сè, иако немам нешто многу повеќе да кажам, освен дека во сето тоа има многу невистини“ – рече таа, а на прашањето како се чувствува во моментот, таа со широка насмевка од уво до уво, одговори:


„Токму вака, како што изгледам“ – ​​рече видно веселата водителка, а потоа побрза да влезе во салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.