четврток, 26 ноември 2026
Најново

Јовановски: Семејството нема да може повеќе да ми носи храна, затворската нема да ја јадам

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски ѝ укажа на судијката дека нема да се појави на закажаната интервенција на 4 февруари. Тој објасни дека не се прифаќа ниту еден наод за неговата лоша здравствена состојба.
Исто така додаде неговото семејство веќе не е во можност да му доставува храна во притворот и дека тој нема да ја конзумира затворската храна.
Јовановски најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.
Моето здравје и живот ги ставам во прв план, но други одлучуваат за мене. Против мене се води тивка и стихијна ликвидација, рече Јовановски.

Поврзани вести