Јован на Билјана Дебарлиева е многу хуман човек: Еве што направи за извесен Максим

Билјана Дебарлиева е на малите екрани веќе 28 години, и уште малку па ќе прослави 30 годишен јубилеј. Тоа никој не може да го претпостави, најмногу поради тоа што е секогаш иста, убава, средена и стокмена.

-Годините си ги носам гордо, не се откажува од младешкиот дух кој веројатно ме одржува во форма. Генетиката можеби малку вмешала прсти, затоа што никогаш сум немала потреба од некаква постојана и беспрекорна нега“, изјави Дебарлиева.

За нејзината ќерка Ана, таа вели дека не покажувала афинитети кон ТВ новинарството, а за синот Мики кој е помал вели дека има афинитети. Но, има работи кои и за Билјана малку луѓе ги знаат.
Освен што е од Охрид, имала среќно и безгиржно детство, и токму во Охрид го има запознаено сопругот Јован со кого е во складен брак долги години, таа ужива да го поминува времето во својот роден град.

Исто така, сака да избега од градската гужва во природа, најчесто во Маврово, да планинари со сопругот, а инаку Билјана исто така свири и клавир.
Таа е сега заштитно лице на една позната модна фирма, а на нејзината последна профилна слика на Фејсбук изгледа топ од глава до петици.

Инаку, Билјана на почетокот на оваа година наполни 49 години што никој не би ѝ ги дал.
Таа потоа уживаше на чист воздух, и тоа во Маврово, и од таму сподели убава слика на која нејзината пријателка напишала: „Мавровска сончева убавина“.

Не се знае дали е поубава природата во Маврово, или Билјана и нејзината пријателка, а и во спортска варијанта, таа е средена, стокмена, и иако изгледа сосема различно од ТВ екраните, и овој стил одлично ѝ прилега.

Јован на Билјана Дебарлиева е многу хуман човек: Еве што направи за извесен Максим


Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован, се долги години во брак. Кога славеа 25 години брак, нивната прослава во еден скопски ресторан ја овековечија со фотографија, која ја објавија на социјалните мрежи.

Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:
– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам момче – кажа Дебарлиева и додаде:

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор“, истакна Билјана тогаш.
Јован, сопругот на Билјана во една прилика објави дека уживаат со сопругата во село Кичиница, Маврово, а на објавата беа прикачени неколку фотографии од Билјана која беше облечена цела во црно и повторно изгледаше многу елегантно.

Се гледа дека на Јован и Билјана, љубовта им цвета, додека уживаат во природните убавини на нашата земја.
Во една прилика ја прашаа: „Дали се сеќавате на Вашето прво појавување пред камерите? Кога би се навратиле во тоа време, има ли нешто што Ви недостасува денес?“

-Како не, го памтам како вчера да беше, збунета, исплашена, несигурна во себе, дали ќе прочитам како што треба.
Дебарлиева пред извесно време споделила објава од нејзиниот сопруг Јован, кој според сликата е многу хуман човек. Јован на интернационалниот ден на кучињата споделил видео како рани неколку кучиња.

Речиси сите објави на неговиот Фејсбук профил се за спас на бездомни животни, но во еден од коменатите, го фалат и колку е добар со помалите деца кои го сакаат и сакаат да се во негово друштво.
Инаку, Билјана Дебарлиева и Јован се авантуристи. На неговиот Фејсбук профил може да се забележи дека летово тие биле на активен одмор, на рафтинг низ западен Балкан со пријатели.

Рафтинг ТАРА (Македонија-Косово-Црна Гора-Босна и Херцеговина-Црна Гора-Албанија-Косово-Македонија)“, пишува до оваа објава.
Имено, на последната објава на Јован, тој споделил објава на извесна Емилија која е во потрага по изгубен лабрадор во близина на Визбегово. Кој ќе го најде изгубеното куче, треба да контактира извесен Максим, кој е најверојатно сопственикот.

По овие објави кои Јован активно ги следи и споделува на својот профил, може да се забележи дека е многу хуман човек кој многу ги сака животните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.