четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јово Вангеловски осуден за злоупотреба на овластувањата и службената положба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судечки совет на скопскиот кривичен суд, во четвртокот, донесе пресуда со која за сторена злоупотреба на службената положба и овластување го осуди поранешниот претседател на Врховиот суд, Јово Вангеловски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што се однесува до предметот за којшто Вангеловски е осуден, беше инициран од поранешната претеседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која токму по барање на споменатиот беше отповикана, а потоа и разрешена од Судскиот совет на РСМ.
Јово Вангеловски

Судот, како што ексклузивно дознава „ПРАВОСУДСТВО“, на Вангеловски му изрече казна затвор во траење од една ипол година, но истата му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.

Според обвинението Вангеловски на својата поранешна колешка, судијката Лидија Неделкова не и исплатил надоместок на плата во износ од 32.000 денари. Функцијата прв човек на највисокиот суд, ја наследи токку од сега оштететена судијка Неделкова.

Додека беа колеги растеше нетрпеливоста меѓу нив. Таа заработи и кривична од него, а не се согласуваа ниту за тоа која институција треба да одлучува по притворот за тогаш осомничениот бизнисмен Сеад Кочан.

Поврзани вести