Јогурт со смокви – здрава ужинка без глутен

Летото е синоним за смокви, а кога ќе додадете јогурт, можете да добиете одлична закуска или совршен појадок со уште неколку состојки.
Јогурт со смокви – здрава ужинка без глутен
Смокви – ова овошје е преполно со диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и гарантираат дека подолго време ќе се чувствувате сити.
Покрај тоа што се вкусни сами по себе, тие можат да бидат и одличен додаток или клучна состојка на многу слатко-солени деликатеси.
Смоквите се богати со витамини и минерали, од кои најзастапени се витамините А, Ц, К и Б, како и калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган и железо.
Јогуртот и смоквите се основата на овој рецепт, а еве кои други состојки ги додадовме и како го подготвивме овој вкусен оброк.


Јогурт со смокви – здрава ужинка без глутен
Потребни состојки:
75 грама суви смокви
Вода
250 мл бадемово или кокосово млеко
125 грама грчки јогурт
1 помала замрзната банана
1 лажица мед
1 лажица путер од бадем
85 грама снегулки од хељда
1 лажичка кокосово масло
½ лажичка цимет
1 лажица кокосов шеќер
Уште малку цимет
1 лажица семе од чиа
Начин на подготовка:
Исечете ги смоквите на половина, ставете ги во сад и покријте ги со вода, па додадете малку мед. Оставете да отстојат натопени 10 минути или повеќе за да бидат што помеки и посочни.
Во блендер измешајте ги грчкиот јогурт, млекото, бананата, остатокот од медот и бадемовиот путер и ставете ги настрана.
Во сад измешајте ги снегулките од хељда, кокосовото масло, циметот и шеќерот. Печете го ова во тава околу 5-6 минути и потоа оставете да се излади.
Ставете во две чаши по 3 половини смокви и истурете го јогуртот што претходно го подготвивте. Потоа додадете уште неколку смокви. Врз нив ставете ги снегулките од хељда, циметот и чиа семето, и вашиот десерт е подготвен.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.