Јокиќ продолжи да ги малтретира ривалите во НБА со трет трипл-дабл по ред (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжува да се наметнува како главен фаворит за третото по ред признание за најкорисен кошаркар на сезоната во НБА, откако ноќеска продолжи да ги малтретира ривалите и тоа со третиот по ред трипл-дабл ефект во убедливиот триумф на Денвцер нагетс во дуелот против Атланта хокс (128-108).

Србинот одигра за него скромни 34 минути, со оглед што победникот беше познат многу пред крајот, за кои реализира 14 поени, 18 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај тимот од Колорадо беше Џамал Мареј со 41 поен. Ова беше 37. триумф за Денвер (со 16 порази), со кој овој тим останува лидер во Западната конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи: