Што поскоро зајакнување на силите и опремата на источното крило на НАТО

Што е можно поскоро треба да стапи на сила одлуката за зајакнување на силите и воената опрема на источното крило на Алијансата, а која беше донесена на самитот на НАТО во Мадрид, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Букурешт пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата, Јоханис кажа дека на поширокиот црноморски регион му е потребна поддршка, пренесуваат британските медиуми.

Шефовите на дипломатиите на НАТО утре и задутре се состануваат во Букурешт за да одлучат за поголема помош за одбраната на Украина од Русија.

Фокусот на средбата, како што најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе биде токму Украина, на која, како што наведе, треба да и се овозможи да го искористи правото да се брани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.