четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јоце Панов ќе настапи на фестивалот „Сунчане скале“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Јоце Панов ќе настапи на реномираниот фестивал „Сунчане скале“ кој ќе се одржи на 29-ти јуни во Херцег Нови, Црна Гора.Оваа година фестивалот ќе има само една вечер, а во неа ќе настапат ѕвезди од балканот. Јоце Панов со песната „Теби није стало“ настапи на фестивалот во 2011-та година.- „Засега само можеме да ги потврдиме информациите дека Јоце Панов ја прифати поканата за учество на фестивалот „Сунчане скале“, а таму ќе настапи со емотивна балада за која сме уверени дека нема да ве остави рамнодушни. Како автори зад песната се потпишуваат познати балкански имиња, но нив ќе ги држиме во тајност се додека песната не биде комплетно завршена“, известува менаџерскиот тим на пејачот.Во меѓувреме Јоце е актуелен со своите настапи во Црна Гора, каде што публиката одлично го прифати.
Макфакс Јоце Панов ќе настапи на реномираниот фестивал „Сунчане скале“ кој ќе се одржи на 29-ти

Поврзани вести