ЈО: За време на вооружениот грабеж во Градски парк во продавницата за бела техника имало и три деца

Јавното обвинителство покрена истражна постапка против две лица на возраст од 27 и 21 година, осомничени за грабеж во продавницата за бела техника во Градскиот парк.

Според обвинителството, осомничените влегле маскирани во продавницата на 29 ноември, вооружени со пиштоли и импровизирана експлозивна направа во форма на динамит.

Едниот осомничен ја блокирал вратата и ги спречил купувачите да излезат, додека вториот ги одзел парите од касата и сефот и со себе однел 556.146 денари.

Продавницата во моментот на грабежот била преполна со луѓе, вклучувајќи и три деца.

Оомничените им се заканувале на сите присутни и ги предупредиле да не повикуваат полиција пред да побегнат, информираат од ЈО.

Од таму додаваат дека на двајцата разбојници им е одреден притвор поради опасност од бегство или влијание врз сведоците.

Пронајдете не на следниве мрежи: