НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ НА ЈО-ЈО ЕФЕКТОТ
Јо-јо ефектот влијае негативно и врз физичкото и врз психичкото здравје. Многу долгогодишни истражувања во оваа област покажале дека ова варирање на тежината се асоцира со зголемен крвен притисок, зголемен ризик за појава на срцеви заболувања и за мозочен удар.
Исто така, постојат истражувања кои покажале дека со секој нов циклус во телото се трупаат сè повеќе масти. Точниот ризик за појава на овие последици не е познат и се претпоставува дека е различен за оние кои имаат релативно нормална телесна тежина и за оние кои страдаат од прекумерна тежина.
Луѓето кои го почувствувале јо-јо ефектот губат самодоверба кога ќе ја зголемат тежината и постојано се враќаат на строгите диети. Додека се во фаза на диета, се чувствуваат истоштени и дури и депресивни, бидејќи им недостига енергија поради гладувањето.
ОВОЈ ПОСТ ИМА ПОВЕЌЕ СТРАНИЦИ
ПОДОЛУ КЛИКНЕТЕ ЗА НАРЕДНАТА СТРАНА