Јо-јо ефектот на диетите

КАКО ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ЈО-ЈО ЦИКЛУСОТ?

Ќе успеете да излезете од јо-јо циклусот само ако се убедите дека брзото слабеење е неефективно. Секој што држел диета ќе ви каже дека слабеењето е лесно, но дека одржувањето на посакуваната телесна тежина е големиот предизвик.

Еве неколку совети како да го избегнете јо-јо ефектот:

  1. Насочете се кон постепено слабеење. Наместо да гладувате со цел да ослабите 3-4кг. неделно, насочете се кон консумирање на здрава храна со која ќе губите до 1 килограм неделно. Така нема да губите од мускулната маса.
  2. Јадете 5-6 пати во текот на денот. Потребно е да внимавате што јадете. Колку почесто јадете, толку повеќе ја забрзувате работата на метаболизмот, а тоа ќе ви донесе поголем број согорени калории. Појадокот во никој случај не треба да се прескокнува.
  3. Движете се. Нема ништо подобро за вашата линија од физичката активност.
  4. Никогаш не консумирајте под 1200 калории. Тоа е минималниот број калории препорачан за жените. Секогаш кога консумирате помалку, вие всушност ја намалувате работата на метаболизмот.
  5. Направете си долгорочен план за слабеење. Не очекувајте дека ќе ја постигнете идеалната тежина за краток период. Раководете се од правилото да согорувате повеќе калории отколку што внесувате. Тоа најдобро се постигнува преку регулирање на внесената храна и зголемена физичка активност.

Запомнете, борбата со килограмите е тешка и долга, но победата носи огромно задоволство и поголема самодоверба, па затоа вреди да се потрудите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.