Југословенска торта

Состојки:
За кората
4 јајца
100 грама шеќер
200 грама брашно
100 милилитри масло
100 милилитри вода
прашок за печиво
За филот
1 литар вода
1 килограм јаболка
2 ќесички пудинг од ванила
100 грама шеќер
За украсување
500 милилитри слатка павлака или шлаг


Подготовка:
Изматете белки и шеќер во цврст снег. Измешајте ги издвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво.
Измешајте ги двете смеси со лажица.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.
Во 900 милилитри вода додајте шеќер и оставете ја да зоврие, па додајте ги ситно сечканите јаболка и загревајте дваесетина минути.
Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте ја во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.
Кога ќе се излади тортата, изматете слатка павлака и шлаг и премачкајте го. Оставете ја да отстои пред да ја послужите

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.