четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јунајтед се договори за големо засилување: Капитенот на Белгија пристигнува на „Олд Трафорд“ за 41 милион евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Манчестер Јунајтед денес се договори за доаѓањето на првото големо засилување во летниот преоден рок, бидејќи Јури Тилеманс ќе стане нов член на „Ѓаволите“.

Ексклузивната вест ја донесе новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнестејн, а подоцна ја потврди и Фабрицио Романо со своето „еве, почнуваме“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Агентите на Тилеманс постигнаа договор за трансфер на фудбалерот од Астон Вила на „Олд Трафорд“, при што Јунајтед ќе плати 41 милион евра отштета.

Тилеманс е член на Астон Вила од летото 2023 година и е еден од клучните играчи за тимот од Бирмингем. Претходно играше за Монако и Андерлехт.

Патем, ова е и капитен на белгиската репрезентација, која неодамна го заврши учеството на Светското првенство во четвртфиналето со пораз од Шпанија.

Поврзани вести