4 јунешки кременадли
400 г пиперки
100 г кромид
100 г брашно
2 чешниња лук
2 лажици оцет
1 лажичка сув босилек
1 лажичка оригано
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
На загреано масло испржете го исечениот кромид. Додадете ги пиперките и лукот, исечени на парчиња. Зачинете со сол и црн пипер. Додадете ги ориганото, босилекот и оцетот. Откако пиперките ќе се испржат тргнете од оган.
Кременадлите наросете ги со сол и црн пипер. Свалкајте ги во брашно и испржете ги. Сервирајте ги со испржените пиперки, и ориз или компири по ваша желба.