800 г јагнешко со коска
400 г бамји
2 главици кромид
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер
магдонос
кисело млекомасло, сол и мелен црн пипер по вкус
Во тенџере со загреано масло испржете го исечканиот кромид и додадете ги парчињата месо. Откако ќе се испржат додадете ги црвениот пипер, брашното и 300 мл вода. Зачинете и додадете го исечканиот магдонос. Варете 20 минути и додадете ги бамјите. Промешајте и ставете во тава за печење, најдобро земјана. Прелијте со вода и печете 30 минути на 200 степени или додека месото не омекне.
Сервирајте со кисело млеко.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.