500 г јунешко месо
500 г брокула
300 г моркови
2 главици кромид
1 киви
3 лажици соја сос
1 лажица сув зачин
масло
сол и мелен црн пипер
Месото исечете го на ленти, кивито ситно изрендајте го и измешајте ги. Оставете да отстои 20-тина минути. Исплакнете ги парчињата месо со вода и пржете ги 10-тина минути во тава со загреано масло.
Додадете ги морковот и кромидот исечкани на ленти, и цветовите брокула. Пржете уште 10-тина минути и зачинете. На крајот додадете го соја сосот и повремено мешајќи пржете додека омекне месото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.