Љубовни грешки кои не смеете да ги правите на почетокот на врската!

Иако сите сакаме грижлив партнер, некој сигурен и кој прави сè што би нè развеселило и ќе покажува колку сме му важни, понекогаш е подобро постепено да ги откриваме емоциите и да не претеруваме со грижата. Следниве грешки би требало да ги оставите настрана, особено ако неодамна сте влегле во некоја љубовна авантура.
1. Искажување љубов на почетокот на врската
Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа и за прекрасните работи постои вистинско време. Зборовите „те сакам“ ако ги изговорите прерано, освен тоа што можат да постигнат спротивен ефект, можете и многу лесно да го оттргнете партнерот од вас, бидејќи она што го чувствувате на почетокот на врската е заљубеност, а не вистинска и искрена љубов. Приказните за тоа како тој е вашата сродна душа или за начинот на кој вие го сакате, оставете ги на страна, барем некое време, а дотогаш добро размислете за сопствените чувства и емоции.


2. Премногу информации на првиот состанок
Интимните информации за вас и вашето семејсвто, некои случувања или ситуации, задржете ги за себе, сè додека не сте сигурни дека станува збор за сериозна врска. Почитувајте ја сопствената, но и туѓата приватност, и никогаш немојте да давате сè.
3. Претерано допишување
Иако почетокот на врската е многу возбудлив период, обидете се да се контролирате и немојте да претерувате со испраќање пораки, бидејќи можете да станете навистина напорни за другата личност. Не инсистирајте постојано да го поминувате времето заедно.


4. Големи ветувања
Овде не станува збор за ветување дека ќе го однесете во вашиот омилен ресторан, туку на ветувања од типот дека нема никогаш да го повредите и дека никогаш не би направиле нешто слично. На тој начин, доколку го прекршите ветувањето само ќе ја налутите и разочарате другата личноста. Со дела покажете каква личност сте всушност, немојте премногу да се расфрлате со зборови.
5. Љубомора
„Толку многу те сакам што не би можела да те замислам со друга личност.“ Реченици како оваа, не само што ќе ја истакнат вашата љубомора, туку ќе оставите впечаток на параноична личност која се врзува буквално за сè. Обидете се уште од самиот почеток да работите на меѓусебната доверба, која е една од клучните фактори за успешна врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.