Во последните години барањето парнер преку интернет престана да биде табу тема.
Доколку се одлучите да ја најдете вашата љубов на интернет, тогаш мора да знаете да ги знаете негативните страни на ваквата потрага.
Често, луѓето не се такви какви што се претставуваат на друштвените мрежи. Порталот Your Tango советува како да избегнете мажи на кои не вреди да го трошите слободното време.
Доколку ви побара пари или услуга, најдобро е веднаш да ја прекинете комуникацијата со таа личност. Има мноштво луѓе коишто сакаат да извлечат некоја корист од вас.
Ако после кратко допишување ви изјавува љубов, нешто не е во ред, затоа што за да се случи вистинска љубов потребно е повеќе време.
Најдобро е да го прекинете допишувањето ако инсистира да се сретнете веднаш, или ако се нервира кога доцните со одговор на пораките.
Фотографијата е заматена или од некоја позната личност? Бегајте подалеку.
Се допишувате веќе подолго време, а тој наоѓа изговори за да не се сретнете во живо? Прекинете ја комуникацијата, веројатно има девојка или некоја скриена намера.