четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ќерката на Здравко Чолиќ ужива во раскошен живот: Патување во Дубаи, јахти, скокање со падобран…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уна Чолиќ, ќерка на еден од најпопуларните пејачи на нашите простори, Здравко Чолиќ, ужива во раскошен живот, а не сокрива дека добро си поминува во Дубаи.
Во последно време младата Уна сè повеќе привлекува внимание со својата убавина, но и со фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.
Таа моментално престојува во Дубаи, а атмосферата од патувањето на оваа атрактивна дестинација им ја пренесува и на своите повеќе од 37.000 следбеници на Инстаграм.
Овие денови Уна ужива на плажа или на јахта, а потоа и во ноќниот живот на оваа атрактивна дестинација. Младата инфлуенсерка патувањето во Дубаи го искористила и за да ја посети највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа.
Освен што ги посетила атракциите во Дубаи, Уна одлучила да проба уште една авантура. Имено, таа скокнала од авион и се спуштила на земја со помош на падобран.
Иако порано за приватниот живот на семејството на Здравко Чолиќ малку се знаеше, откако неговата постара ќерка порасна и стана многу популарна на социјалните мрежи, сè почесто споделува детали од својот живот, но и од животот на своето семејство.

Поврзани вести