Ќерката на Мадона претепа девојка во клуб!

Најстарата ќерка на Мадона, Лурд Леон во неколку наврати беше во фокусот на вниманието на сите светски медиуми. Неодамна објави видео кое предизвика многу реакции во јавноста а сега повторно е во центарот на нов скандал.

Во новото интервју за американскиот магазин „The Cut“, Лурд ја раскажала случката од ноќниот клуб каде удрила девојка која ја навредувала нејзината мајка. Таа објасни дека не е некој кој обично се однесува агресивно или арогантно, но кој и да ја нападне треба да внимава. Ќерката на Мадона истакна дека не поддржува насилство, но дека не дозволува никој да ја навредува нејзината мајка.

Како што објасни Леон, девојката ја нарекла кралицата на поп музиката кучка, што многу ја вознемирило!

-Јас не сум некој што не ги почитува луѓето и се однесува арогантно, но ако некој ме нападне, нека внимава.

Не поддржувам насилство, но не дозволувам никој така да зборува за мајка ми во мое присуство – изјави ќерката на Мадона.

Пронајдете не на следниве мрежи: