Ќе видиме кои ни се пријатели


Ќе видиме кои ни се пријатели – порача Вучиќ еден ден пред гласањето за резолуцијата за Сребреница

„Утре е 23 мај, не е Видовден, но за нас ќе биде исто како Видовден“, рече Вучиќ и додаде дека во политичка смисла, ова за него е најтешкиот ден откако е претседател и премиер

Утре ќе видиме кои се пријателите на Србија – порача српскиот претседател Александар Вучиќ еден ден пред гласањето за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Александар Вучиќ, претседател на Србија

„Утре е 23 мај, не е Видовден, но за нас ќе биде исто како Видовден“,

рече Вучиќ во видеообраќањето на својот инстаграм-профил.

Во видеопораката снимена од Њујорк, Вучиќ рече дека во политичка смисла, ова за него е најтешкиот ден откако е претседател и премиер.

„Ќе видам утре дали ќе успеам да им се спротиставам на наголемите, најмоќните, најневнимателните, најдрските од кои изминативе денови побегнаа речиси сите или речиси сите се повлекоа. Тие со своите брутални закани не можат да ја исплашат Србија“,

порача Вучиќ.

Зборуваше за одбрана на честа и имиџот на српскиот народ и рече дека ќе даде сè од себе и ќе се бори за Србија.

Изјавата на Вучиќ доаѓа еден ден пред закажаната седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на која ќе се расправа за предлогот 11 јули да се прогласи за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година,

Како спонзори на резолуцијата се потпишаа највлијателните западни земји и значајните исламски земји, додека С Македонија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина се нејзини спонзори од регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: