Воздшести и вкусни …
Потребно е:
500 гр брашно
400 мл млака вода
20 гр свеж квасец
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
5 лажици маслиново масло
100 гр маслинки
5 чешниња лук
Подготовка:
– Во еден подлабок сад разматете го квасецот со малку топла вода.
– Потоа додадете ги целото брашно, сол, шеќер, масло и вода и со дрвена лажица крато убаво измешајте. Тестото оставете го на топло да стаса околу 30 минути.
– За тоа време исецкајте ги маслинките и издробете го лукот.
– Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и со шпатула неколку пати преклопете го. Потоа со прсти истенчете го.
– Одозгора распоредете ги исецканите маслинки и лукот, па повторно со шпатула неколку пати преклопете го и со прсти притиснете го за да се распоредат маслинките и лукот.
– Тестото поделете го на 5 делови за 5 лепињи.
– Во тавата во која ќе ги печете лепињите ставете хартија за печење и премачкајте ја со маслиново масло.
– Секој дел истенчете го со прсти и обликувајте лепиња. Ставете ги во тавата. Покријте ги и оставете ги уште 15-тина минути да одморат.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не поруменат.