четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ќе има ли воопшто седница за уставни измени?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собраниската седница на која требаше да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени сеуште не е започната. Иако беше најавена за 15 часот не се знае кога и дали воопшто ќе започне.
Во салата за пленарни седници веќе се присутни дел од пратениците од владејачкото мнозинство, а на галеријата има и бројни медиумски екипи. Единствено што нема е информации зошто повторно седницата не започнува во терминот што беше најавен. Првично, продолжението на оваа седница беше закажано за во 12 часот и по чекање од час и половина одложено за 15 часот.
Според информациите од Собранието, во зградата се уште е премиерот Зоран Заев кој пристигна околу 12 часот за кога првично беше најавено продолжението на оваа седница.

Поврзани вести